Со свечен концерт се одбележаа 20 години од манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

brvenica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Културно уметничкото друштво „Брвеница“ вчера свечено го одбележа јубилејот 20 години на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“.


Поради временските услови манифестацијата се одржа на затворено во спортската сала „Коста Рацин“ во Брвеница каде свечен концерт одржаа домаќините од КУД „Брвеница“, но и гостите КУД „Брвеница“ од Рашка, Србија, КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, ГАКУД „Браќа Гиноски“ од Гостивар, Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово, КУД „Младост“ од Кичево и КУД „7 Септември“ од Македонски Брод.

– На овој начин на наше и на задоволство на многубројните љубители на фолклорната уметност, успешно се реализираше манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее 2023 година“ и воедно и ја одбележавме дваесет годишнината од постоењето на КУД Брвеница. Се надеваме дека публиката уживаше во програмата на манифестацијата, КУД Брвеница им благодари на сите кои беа присутни како и на сите помагатели за реализација на фестивалот, изјави претседателката на КУД „Брвеница“, Маријана Младеноски.

На концертот му претходеше дефиле на учесниците низ Брвеница. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK