Со предавање за Палестина продолжува осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Со-предавање-за-Палестина-продолжува-осмото-издание-на-КРИК-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“. Оваа година фестивалот се оржува на тема „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“.


Предавањето ќе се одржи на 9 септември, 2023 (сабота), во КСП „Центар – Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), со почеток во 20 часот.

За да се заштити континуираното постоење на Палестинците како окупирана нација и нивната политичка иднина, како и да се зачува нивното материјално и нематеријално наследство, особено во позагрозените области, оние кои се блиску до населбите, но и во оддалечените области, од витално значење е да се бараат карактеристични елементи кои ги формулираат специфичните идентитети на овие потенцијални дестинации со културно наследство, каде туризмот може да се согледа како алатка за издржливост и развој. Идејата за потрагата по убавината на Палестина која е вкоренета во нејзината демографска, културна, еколошка и природна разновидност е од витално значење за народот чии корени и наративи се оспорувани и искоренети од израелската окупација. Ова предавање ќе се обиде да претстави пристап кон одржлива сензибилизација на специфичните културни идентитети на овие локалитети и методологија за селата, градовите и другите заедници, со цел да се формулира стратегија на одржливост и развој.

Раед Саадех е активист и застапник на туризмот во заедницата и зачувувањето на културното наследство во Палестина. Тој е поранешен претседател на арапската (палестинска) хотелска асоцијација. Тој е ко-основач и претседател на „Розана“ – здружние за конзервација на архитектонското наследство и развој на руралниот туризам, со седиште во Бирзеит. Раед Саадех е, исто така, сопственик и генерален директор на хотелот Ерусалим, во Ерусалим, хотел за наследство, за кој тој ги направи концептот и дизајнот. Првично обучен како машински инженер Дипл. на Универзитетот Сиракуза, во Њујорк, по што магистрирал на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, во Кливленд. Тој е ко-основач и член на одборот на „Палестинскиот уметнички суд“, член на одборот на Фондацијата за современа уметност „Мамал“, претседател на организацијата „Sunbula“ за фер трговија и развој на ракотворби и ко-основач и поранешен претседател на „Yabous Productions“ за изведувачки уметности. Неговите сегашни напори се фокусирани на развивање на концептот на туристички одбор на Алкудс/Ерусалим, кој е наменет да ги максимизира економските придонеси и придобивки на локалната заедница во Алкудс. Исто така, тој е и еден од главните лидери и ко-основач на „Мрежата за искуствени палестински туристички организации“, како и ко-основач и претседавач на „Palestinian Heritage Trail“.

Како и во последните неколку години, КРИК се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано, велат организаторите.

Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK