Со хуманитарна претстава вечерва завршува Меѓународниот театарски фестивал во Демир Капија

20230805153412_big_730x400_20
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со хуманитарна претстава, вечерва завршува Меѓународниот театарски фестивал „Без рамка“ во Демир Капија, кој изминативе неколку дена се одржува по вторпат, а учествуваа неколку театри, од земјава и странство.

– Фестивалот ќе се затвори со актерите при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, со хит комедијата „Не се клади на Енглези“. Претставата е од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани за наш сограѓанин. Да бидеме хумани и со наш придонес да помогнеме онаму, каде помош е потребна, порачаа организаторите на фестивалот.


Фестивалот се реализира во Домот на културата во Демир Капија. Истовремено, Демир Капија одбележува 60 години постоење на Театар „Мирка Гинова“ и 30 години театарска активност на актерот и режисер Томе Атанасов при овој театар.  – Отворањето на фестивалот беше со претставата „С чиме, с ким у ЕУ“ во изведба на актерите од Драфт театар од  Тузла, Босна и Херцеговина. Следен на програмата, беше независниот Театар „Чекори“ од Скопје, со претставата „Драги уметници“. Трети на агендата беа најмладите глумци од театарот домаќин, со претставата „Палавиот фолк Пинокио“. Потоа настапија артистите од Коњица, Босна и Херцеговина, со претставата „Бујрум Моји“, па  театарот од Уб од Србија со „Портрет“. Следуваше скопската претстава „Самоубиство во самоодбрана“ ,потсетија организаторите на фестивалот.  Оттаму нагласија дека очекуваат голем интерес за претставата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK