Ученичката Кристина Марковска од седмо одделение во ОУ „Коста Рацин“ освои трето место на меѓународниот ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија.
Таа наградата ја освои во категорија на учесници од 11 до 15 години.
-Мотивот за стрипот е хуманитарна работа и така името на стрип-приказната е „Донација која ја прави една девојка“. Кристина е седмо одделение и талентирана ученичка во предметот ликовно образование, изјави нејзината менторка Лина Тренковска, која е ликовен педагог во училиштето.
На шестиот по ред меѓународниот ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија организиран од Дејан Богојевиќ и „Арт група АКТ” покрај ученици од земјата домаќин, учествувале основци и средношколци од Северна Македонија, БиХ, Романија, Канада. Изложбата била отворена вчера, 2 јуни во Центарот за култура во Ваљево. Учесниците биле поделени во категории до 7 години, од 7 до 10, од 11 до 15 и од 16 до 18 години.