„Самсон и Далила“ денеска го отвораат Фестивалот „Опера Светилиште“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Претставата „Самсон и Далила“ од Камиј Сен-Санс со диригент маестро Иван Кожухаров денеска ќе го започне четвртото издание на фестивалот „Опера Светилиште“ на отворената сцена изградена на територијата на тракискиот мегалитски комплекс Бегликташ.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.



Во продукција на Државната опера – Бургас, која првпат беше изведена на сцената на музичкиот фестивал во Бургас „Емил Чакаров“ во 2017 година, е во режија на доц.д-р Александар Текелиев, и има оригинална сценографија и раскошни костими, дело на Романката, Каталин Арборе.

Драматичната приказна за Евреинот обдарен со божествена моќ – Самсон, и убавата Филистејка која ја користи својата женствена привлечност за да го искушува, измами, предаде и уништи – Далила, се заснова на библиски приказни од Стариот Завет.

Етаблираните оперски пејачи ќе ги играат главните улоги на 5 август. Во ликот на Далила ќе се реинкарнира мецосопранот Даниела Дјакова, а во оној на Самсон солистот на софиската опера и балет Костадин Андреев. Останатите главни улоги им се доверени на баритонот Александар Крунев, басите Дељан Славов, Иван Грозев и Диман Панчев, како и на тенорите Љубомир Тодоров и Милен Динолов.

Кореограф на претставата е Галина Калчева, диригент на хорот е Александар Чепанов, а концерт-мајстор на оркестарот на Државната опера – Бургас е Христо Белчев. Асистенти на режисерите се Лина Пеева и Петар Тихолов.

Како што напиша БТА, организатори на фестивалот се Државната опера – Бургас и општина Приморско. На програмата на „Операта Светилиште“ се и оперите „Набуко“ и „Трубадурот“ од Верди со изведба на 12 и 26 август, како и „Кармен“ од Жорж Бизе на 19 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK