Започнува првата ликовна колонија во Кисела Вода, која ќе се одржи овој викенд, 11, 12 и 13 октомври во Домот на култура во Драчево.
„Со оваа манифестација која за првпат се одржува, имаме за цел да го збогатиме културниот капацитет и потенцијал на општината и истата ќе биде збогатена со дела од реномирани автори од Македонија и регионот кои ќе бидат изложени во културните домови во Кисела Вода.
Во петок, во 10 часот се тргнува со организиран превоз од собирно место пред паркингот кај општината, а потоа следува прошетка до црквата Свети Ѓорѓија и легендарната „чешма” според која е настаната Кисела Вода, месноста Пеленица и други локации во Драчево. Пристигнување во домот во Драчево околу 12 часот и творење до 16 часот, па враќање дома.
Сабота: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот; Недела: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Им посакувам успех на сите учесници и нека оваа ликовна колонија прерасне во традиција“, додаде Ѓорѓиевски.