Прв меѓународен натпревар по пијано PIANO KEY во Скопје

piano-key-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 декември 2024 година, во КИЦ – Салон 19:19, за првпат ќе се одржи меѓународниот натпревар по пијано PIANO KEY („Пијано клавиш“).
PIANO KEY – International Piano Competition е прв меѓународен натпревар посветен на пијаното во Скопје, во организација на Здружението за промоција и развој на културата „Модорас“, Скопје, а уметнички директори се д-р Ема Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип и м-р Светлана Димитриевска, наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје.


Учесниците може да се натпреваруваат во повеќе дисциплини, во соодветни категории.

Натпреварувачите во категоријата онлајн предизвик ќе ги оценува реномирана интернационална комисија, составена од еминентни професори и пијанисти, етаблирани во музичкиот свет: Драгомир Братиќ(Србија), Данијел Ото (Хрватска) и Илинка Манова (САД, Македонија). Комисија за изведба во живо ја сочинуваат педагози и пијанисти со високи педагошки достигнувања: Ема Попивода, Светлана Димитриевска, Катерина Ќетковиќ Фидановска и Цури Колос.

Натпреварот е поддржан од Амбасадата на Јапонија и од Амбасадата на Австрија во земјава. По тој повод ќе бидат доделени и специјални дипломи за најдобра изведба на дело од јапонски и најдобра изведба на дело од австриски композитор. Овие награди ќе ги доделат амбасадоророт на Јапонија, НЕ Отсука Казуја, кој ќе ја почести публиката со свој настап на гитара и изведба на композицијата „Сакура, сакура“ и амбасадорот на Австрија, НЕ Мартин Памер.

Поддршка за македонската класична музика доаѓа од семејството Цаневи, кои ќе доделат награда за најдобро изведено дело од македонскиот композитор, Благој Цанев.

Линк до веб-страницата, на која е поставена формата за апликација: https://www.pianokey.com.mk/home

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK