Промовирани книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на новинарот Љупчо Јолевски во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Промовирам две книги во период од пет години, книги кои слегуваат надолу две три децении, едната е „Радио“ објавена пред пет години и книга која се занимава не со радиото како медиум, туку со нешто друго, со сето она, што, како културна рубрика или јас како новинар, во културната рубрика на Радио Слободна Европа, успеав да го вообличам во радио прилог, во интервју, рецензија, во осврт, нешто што беше емитувано на програмата, нешто што, беше трка со времето, стигна на време, сето тоа, да излезе во час, час и половина, прво како текст, па како радио прилог, па потоа како, веб-сајт, и на крај, една книга која појде многу надолу, книга која се занимава со современата музичка сцена, се вика „Неправилен ритам“ книга за современата македонска музичка сцена, книга во која на 800 страници се поместени бројни интервјуа, со по мене најзначајните ликови на она што претставува наша музика, македонска музика, еве неколку да напоменам, Анастасија, Архангел, Влатко Стефаноски, Леб и сол, Симон Трпчески, Дарија Антовска итн., истакна Јолевски.

Во книгата „Радио“ има новинарски текстови посветени на работата и на тетовчани-уметницата Ивана Настески, музичарот Глигор Кондовски и фотографот Драги Неделчевски. Пред покрај промоторот Дејан Трајковски, зборуваше и Неделчевски.


– Имам една моја теорија за „елементарните нешта“, а тоа се предмети, книги, фотографии (испечатени) и сл. за кои не е потребен никаков уред или посебни услови да се користат или да се употребуваат (уживаат). Како пример тоа може да биде столче кое служи за седење или книга која едноставно ја земаш во рака и ја читаш. Многу други работи како филм, музика, интернет, за да се користат е потреба струја или некој уред. Без тоа тие се неупотребливи. Затоа сметам дека книгите се многу важни нешта. Во време кога секој сака да не негира како македонска култура и држава воопшто, а со помош на неспособните или корумпирани политичари тоа им успева, сметам дека можеби последната брана на зачувување на македонскиот идентитет и култура се токму вакви книги кои ќе останат во наследство на идните генерации, посочи Драги Неделчевски.

Во рамки на мултимедијалната промоција свое дело изработи уметницата Ивана Настески, додека во музичкиот дел настапија Дробицки /Омерагиќ/Кондовски трио, Дуо Скупи и Дејан Спасовиќ проект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK