Во организација на библиотеката „Гоце Делчев“и Народен музеј Велес денеска во Ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата „Велес за време на Балканските и Првата светска војна (1912 – 1918)“, од проф д-р Ѓорѓи Малковски во која на 330 страници се опишани случувањата во градот од тој период. Во книгата има 261 оригинални досега необјавени фотографии за Велес и велешани. Книгата ја промовира проф д-р Стефан Влахов Мицов.
-Оваа книга ќе биде еден вид енциклопедија која би ја користеле историчарите, истражувачите, професорите, како и цела јавност и е еден сублимат на Велес за даденото време.Таа е аманет и траен белег, за идните генерации да знаат како во тој период се живеело во Велес, потенцира Мицов.
Авторот Малковски информира дека оваа е прва книга објавенa за овој период со користење на документи, стари книги и факти. Тој на книгата работел околу десет години.
При пишувањето користел материјали од архивите во Бугарија, од Белград-Србија, од Велес и Скопје.