Промовирана книгата „A small Roma memory book“ од Џемилиана Абдулова

abdulova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Книгата „A small Roma memory book“ од младата ромска културна работничка Џемилиана Абдулова беше промовирана вчера во Скопје.

Книгата е издание на Приватен принт во рамки на активностите на студиото поддржани од фондацијата „Принц Клаус“ од Амстердам. Книгата беше промовирана со перформанс од авторката, насловен „Кои сме ние?“.


Делото на Абдулова содржи авторски текст од неа, надополнет со изјави од уметници, дизајнери и музичари, други текстови и фотографска секција.

Книгата е двојазична, на англиски и ромски јазик.

Абдулова е родена во 1997 година во Скопје. Од 2016 година е претседателка на Здружението на граѓани Ромски културен и медиа центар „БАРИКАНИПЕ“, каде што води повеќе проекти од областа на културата. Уште од најмала возраст учествувала во културни активности за зачувување на ромскиот идентитет и збогатување на ромската култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK