Граѓанската организација Пркос денеска ќе одржи промоција на нивниот нов проектм кој содржи триформатен пакет – видео, брошура и постер, за убаво однесување со децата со попреченост.
Организаторите информираат дека пакетот се состои од 10-минутно видео, во кое преку нарациите на Бистра Поповска, Ева Смилевска и Јане Велковски, надополнети со илустрациите на Ивана Маркоска Докоска, гледачот на духовит и сликовит начин се советува како треба да се однесува во обични ситуации.
– Во брошурата и постерот, десетте практични совети ги систематизиравме концизно за да ви помогнат и за да ве охрабрат како да се запознаете со различните луѓе на каква било возраст и полесно да комуницирате со поинаквите од вас. Откако ќе ги прочитате, веројатно сите ќе се согласиме дека ако ги применуваме, атмосферата ќе биде позитивна и пријатна, велат од „Пркос“.