Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу, кој деновиве излезе од печат во издание на Перун Артис од Битола. Преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска.
Книгата е за познатиот полски писател Пјотр Смолински кој го посетува Косово по војната, во неа е прикажуван судирот на идентитетите и менталитетот. Влијанието на религијата, национализмот во секојдневниот живот.
Романот е преведена на неколку светски јазици и беше во потесниот избор за наградата за литература на Европската унија.
Изданието е помогнато од Регионалната мрежа за културна разноликост READ.