Во кафе-барот „Везилка“ во Битола денеска ќе биде промовиран романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур, во издание на „Перун Артис“ од Битола.
-Романот се занимава со сагата на млад брачен пар за свој пород, нивната неизвесна и тешка борба да дојдат до свој потомок. Емотивен и мудар, овој роман говори за големиот самопрегор на двајца млади луѓе да си го осмислат својот брак и своето семејство, наведува издавачот.
Преводот од хрватски јазик е на Сашо Огненовски. Ова е втор превод на македонски јазик на Марко Грегур по неговиот наградуван роман „Вошицки“ во издание на ПНВ Публикации.
Марко Грегур е препознатлив по специфичниот стил и голема суштественост во неговите дела. Добитник е на најзначајните книжевни награди во Хрватска, меѓу кои „Фриц“ и „Владимир Назор“.