Промоција на „Бигор шарпланинецот“ од Ферид Мухиќ во КИЦ

Промоција-на-„Бигор-шарпланинецот-од-Ферид-Мухиќ-во-КИЦ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 15 ноември во среда, во Културно-информативниот центар, со почеток од 19:19, часот ќе се одржи промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“.


Овој роман во раскази, во издание на Издавачки центар ТРИ, е извонредна ода за пријателството, за нераскинливата поврзаност меѓу човекот и песот преку која се срочува филозофијата за меѓучовечките односи, за пријателството и воопшто за сеопштата поврзаност во природата.

Во делот за дискусија, Ферид Мухиќ и неговата промоторка Виолета Танчева-Златева ќе ги воведат идните читатели во содржината на овие страници посветени на луѓето и животот. А за оние кои веќе успеаја да ја прочитаат книгата, разговорот со познатиот автор ќе биде одлично толкување и надополнување на пишаните зборови.

Според Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, оваа „трогателна сага“ е неверојатен прирачник за живеењето, навраќање кон вистинските вредности на животот. Мухиќ целосно маѓепсува со своите зборови, носејќи нè до едно друго ниво во нивната длабочина.

Филозоф и поет, научник и учител, Ферид Мухиќ има впечатлив опус со 52 објавени книги. „Бигор шарпланинецот – приказни за пријателството и храброста“ ја надополнува не само авторовата биобиблиографија туку и македонската книжевна ризница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK