На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.
Пијанист и композитор, кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови . Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020 година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes “ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.