Поради забраната за движење во шума ,,Голачки фолклорни средби 2023″ ќе се одржат на Летната сцена во Делчево

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и Општина Делчево по 28-ми пат ги организираат познатите  „Голачки фолклорни средби 2023 година. Во големата фолклорна ревија како што информираа организаторите годинава ќе настапат фолклорни групи, од соседна Србија и Бугарија.

-Овој меѓународен фестивал и оваа година ќе се одржи на летната сцена пред Спомен дом „АСНОМ“, од причини што постои делумна забрана за движење во шуми. Нашата Установа ќе ги почитува одлуките, со надеж дека идната година овој балкански фестивал ќе се одржи на планината „Голак“ каде му е и правото место, се вели во објавата на делчевскиот Центар за култура, информираа од установата.



Во рамки на вечерната програма на 8 август 2023 година (вторник) ќе настапат ансамбли, оркестри и пејачки групи од земјата и двете балкански држави.

-Упатуваме покана до љубителите на фолклорот да присуствуваат и со своето присуство да дадат свој придонес во одржувањето на настанот, додадоа од делчевската културна установа.

Голачките фоклорни средби по традиција се одржуваат на планината Голак во очи христијанскиот празник Св Пантелејмон, но, поради забраната за движење во шума, последните две изданија се одржаа на летната сцена во градскиот парк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK