На 10. Октомври (вторник) во МНТ (мала сцена) ќе се одржи по втор пат перформансот “Поетроника” – оригинален проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе (21:00 часот – мала сцена)
За првиот настап рекоа:
“Поетроника“ е поетско – музички проект на два извонредно талентирани уметници од нашата средина. Читачкиот (поетски) дел му припаѓа на бардот на современото македонско глумиште, фанатастичниот Оливер Митковски, кој суверено владее со својот длабок, сугестивен, комплетно лишен од патетика вокал. Музичкиот, е дело на еден од водечките современи македонски електронски артисти, младиот и безмерно надарен, Андреја Салпе. – Мирко Попов, музичар, музички критичар
Неодамна присуствував на музичко-сценски настан за кој сметам дека преставува пресврт во македонската култура, какви што се случуваат повремено на деценија-две. Се работи за заедничкиот проект на музичарот Андреја Салпе и глумецот Оливер Митковски насловен „Поетроника“, музички албум кој се основа на поезија на деветмина македонски автори. Седејќи во мрачната интима пред малата сцена на МНТ, почувствував дека сум била сведок на нешто битно за кое долго ќе се раскажува. – Румена Бужаровска, писателка
„ПОЕТРОНИКА“ е проект базиран на темелно повеќемесечно експериментирање на двајца наши артисти со опусот на домашните поети во тотална синергија со авторски креирана современа музика. Финалниот резултат е суптилен и културолошки многу значаен проект во форма на електронска музика со прекрасни амбиентални и џез звуци во комбинација со извонредно аранжирана македонска поезија. Станува збор за сосема нов и автентичен пристап кој се чини дека со својата оригиналност ги поместува границите, ќе се осмелиме да кажеме дури и во глобални рамки. Со оглед на искривените општествени вредности разбирливо е што ваков проект најверојатно нема да биде препознаен од страна на одговорните институции за култура.”
“Поетроника” – 10. октомври во МНТ, 21:00 часот (мала сцена)
оригинален проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе Линк за купување на билети онлајн: https://mnt.mk/online/index.php?id=516