Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки

Plakat_Mozaik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубилејното 20. издание на „Танц фест“, го најавуваат ексклузивното гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.


Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, насловена „Танцот на игрите“.

Всушност, по огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година во рамките на „Танц фест“, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со нивниот најнов танцов спектакл „Мозаик“.

На настанот збор ќе земат: Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Билетите за претставата се достапни на веб-страницата на Македонскиот народен театар.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK