Од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ на Азем Делиу

mks
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу во издание на Перун Артис од Битола, а преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска.

Книгата е за познатиот полски писател Пјотр Смолински кој го посетува Косово по војната, во неа е прикажуван судирот на идентитетите и менталитетот. Влијанието на религијата, национализмот во секојдневниот живот.


Романот е преведен на неколку светски јазици и беше во потесниот избор за наградата за литература на Европската унија.

Изданието е помогнато од Регионалната мрежа за културна разноликост READ.

Промоцијата е планирана за 11 јули во Младинскиот културен центар, Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK