Нина Кравиц, Лајбах, Констракта дел од годинешното издание на Skopje Calling

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Стадионот на АРМ во Скопје во петок, 7 јули, ќе се одржи културно музичкиот фестивал Skopje Calling 2023. Како што најавија од Авалон Продукција, на фестивалот ќе настапат Нина Кравиц, Лајбах, Констракта и Земја Грува, Буч Кесиди, и „Nipplepipple“.

Како што најави на денешната прес-конференција сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, продукциски фестивалот се предвидува да биде на највисоко светско ниво.



-Секогаш се обидуваме Skopje Calling да биде пософистициран и да биде повеќе настроен кон „меинстрим“ генерацијата, и во години и во музички вкусови, додека Ohrid Calling е повеќе за младите генерации. Овој фестивал е за публика од 7 до 70 години, ако земеме во предвид дека публиката на Констракта и на Буч Кеседи е помлада, публиката на „Nipplepipple“ е во некои си средни години, а публиката на Нина Кравиц е во средни и помлади години, рече Милошески.

Нина Кравиц, Лајбах, Констракта дел од годинешното издание на Skopje Calling

Тој потенцираше дека фестивалот е авангарден и како што рече, изненаден е од интересот што постои за оваа година.

-Фестивалот е авангарден, односно не е утракомерцијален како што е Охридскиот. Изненадени сме од бројот на посетители кои ќе се појават во петок. Фестивалот е прилагоден спрема музичкиот концепт, односно ќе се загрева атмосферата, ќе биде како вовед, се до настапот на Нина Кравиц. По короната и во музичката индустрија се е поскапено од пет до шест пати. Ова ќе беше прва година во која ние немаше да работиме и немаше да има ниту еден проект, да не се појавеа нашите стратешки партнери од аспект на маркетинг, но во оваа приказна главни се луѓето од НЛБ Банка, ја вклучивме и VISA во приказната, и сето тоа овозможи да се случат овие два фестивала, рече Милошески.

На новинарско прашање зошто македонски уметници нема да настапат на фестивалот, Милошески рече дека причината е единствено од технички аспект, односно немало простор за повеќе изведувачи.

Нина Кравиц, Лајбах, Констракта дел од годинешното издание на Skopje Calling

-Беше планирано фестивалот да биде поделен во два дена. Сите овие изведувачи беа „букирани“ и требаше да има уште еден регионален изведувач и уште два или три македонски изведувачи. Се случи тројца изведувачи да не можат да се поделат во два дена, и во оној момент кога се одлучи фестивалот да биде во еден ден, навистина немаше простор за други изведувачи. Технички работите излегоа од контрола, и само поради тоа нема македонски изведувачи. Нема физички кај да ги сместиме, рече Милошески.

Љупка Ѓорѓиевска, помошник на Управен одбор на НЛБ банка, генерален спонзор на фестивалот на прес-конференцијата рече дека ова е четврта по ред година како соработуваат, а од година за година се повеќе се интензивира соработката за овој фестивал.

-Верувам дека партнерството и во следниот период ќе продолжи со засилен интензитет, додаде Ѓорѓиевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK