Во рамките на програмата на 60. јубилејни Рацинови средби денеска во просториите на Народниот музеј во Велес се одржа Научната конференција „Рацин меѓу Мисиров и Шопов“, а ја организираa Институтот за македонски јазик и Советот за македонски јазик.
На конференцијата беа презентирани 10 реферати за Рацин, Мисирков и Шопов, како и реферати блиски со оваа општа тема. Излагачите се осврнаа на опусите на овие истакнати книжевници, како и на нивниот книжевен јазик, на помалку познати факти од нивниот живот, информира за МИА Снежана Петрова Џамбазова од Институтот за макдонски јазик една од излагачите по темата.
Учесниците на конференцијата се осврнаа на јазичните карактеристики на современата македонска проза. При тоа анализираа дела што беа во конкурнција за Рациновото признание за 2023 година..
На конференцијата како гостин беше присутна и Јасминка Шопова, ќерката на поетот Ацо Шопов.