Нарацијата во книжевноста и филмот: Румена Бужаровска и Ана Василева дел од „Браќа Манаки“

Нарацијата-во-книжевноста-и-филмот-Румена-Бужаровска-и-Ана-Василева.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 22 септември, со почеток од 17:30 часот, во битолска „Магаза“, Румена Бужаровска и Ана Василева ќе поразговараат за нарацијата во уметноста и филмот, како дел од меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.



„Никаде не одам“, „Мојот маж“ и „Осмица“ од Румена Бужаровска – едни од најчитаните и најпреведуваните збирки раскази во нашата земја – се одлична илустрација за визуелниот јазик на раскажувањето, а и за други теми што ќе ги опфати овој едночасовен дијалог. На македонската јавност Бужаровска и Василева ѝ се воедно познати како дуото што стои зад прочуената иницијатива за раскажување женски приказни, „ПичПрич“.

Овој разговор ќе биде вовед во Меѓународниот фестивал на филмската камера, што под слоганот „Прекрасното непознато“ оваа година се одржува по 44 пат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK