Над 450 гости и домашна публика вечерва ќе минат на црвениот килим на Фестивалот „Браќа Манаки“

Manaki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го проследат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.


Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

Во текот на фестивалот којшто трае до 27 септември, ќе бидат емитувани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почнува фестивалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK