„Море на тишината“ премиерно во битолскиот театар

more-na-tishinata
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Море на тишината“ чиј режисер е Оља Лозица од Хрватска. „Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита.







-Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста, од колено на колено и од сукња на сукња. Но, за да биде вистинита, на начинот кој што главната хероина сонува оваа приказна мора да биде прераскажана на хрватски, српски, македонски, албански, романски, бугарски, турски, грчки… всушност, на мешавина од сите овие и други јазици заедно. Тогаш, според логиката на судбоносното патување на крајот од оваа претстава, на сите присутни слушатели, поточно гледачи наеднаш во главите ќе им светнат фактите од кои започна се, посочија од НУ Народен театар-Битола во пресрет на вечерашната премиера.

На големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“, вечер ќе настапат актерките Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска Јанкуловска, Катерина Аневска Дранговска, Марија Стефановска и Сандра Грибовска Илиевска, и актерите Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Никола Стефанов и Мартин Митровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK