МНТ со претставата „Поткровје“ учествува на 32. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

FB_IMG_1726092189457.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на 12 септември, со почеток во 19:30 часот, на сцената во театарот „Антон Панов“ ќе се одиграна копродукциската претстава „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.


Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.

„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK