МНТ со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и БиХ

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во наредните денови ќе гостува во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.







„Народен непријател“ утре ќе биде одиграна на сцената на Црногорското народно позориште во Подгорица, а на 2 јуни во Босанското народно позориште во Зеница. Од МНТ најавуваат и други фестивалски гостувања во текот на јули.

Во претставата „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Претставата за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди како на домашната така и на интернационалната фестивалска сцена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK