Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел.
Од Филхармонија информираат дека како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).