Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во Анталија ја прими главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните Медитерански театарски награди.

Ова признание претставува силна потврда за неговата долгогодишна посветеност во развојот на театарот и културата, но и признание за заедничкиот труд на сите што со љубов и верба ја градат уметноста како движечка сила во општеството.

Љутков упати длабока благодарност до реномираната комисија, како и до пријателите, колегите и поддржувачите кои го придружувале на овој пат.

Заедно со наградените уметници од седум медитерански провинции и повеќе земји, ја прослави моќта на културата и уметноста што обединува и инспирира.

