По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите поврзани со природата и одржливиот развој.
На отворањето на настанот пред публиката се обратија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорот на турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб Фуат Коркмаз, како и директорот на Kino Edison Иван Гојмерац.
Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.
Филмот „Медена земја“, кој испиша историја во македонската кинематографија со двете номинации за наградата „Оскар“, предизвика голем интерес кај публиката во Карловац, а присутните имаа можност да проследат едно од најзначајните документарни остварувања од регионот.
Проекцијата беше реализирана во соработка со Kino Edison Karlovac, турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, македонскиот КИЦ во Загреб, претставникот на турското национално малцинство на град Загреб и Кинотеката на Македонија.
Настанот помина во исклучително позитивна атмосфера и уште еднаш ја потврди важноста на културната дипломатија во јакнењето на соработката, пријателството и заедничката промоција на вредностите што ги обединуваат различните култури.