Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори престижниот фестивал на класична музика „Раванелиус“ во Србија

ravanelius_788787
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонскиот камерен оркестар Профундис денеска ќе настапи на затворањето на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија.

Камерниот оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал. На сцената со Профундис ќе настапи како солист српскиот кларинетист Огњен Поповиќ.


– Ова е само еден од настапите кои уште еднаш го потврдуваат трудот, вредната посветеност и љубов која ја посветуваме во нашето творење и навистина со голема чест ја прифативме поканата на организаторите да настапуваме на затворањето на фестивалот на музички извонредности – Раванелиус и да ја делиме сцената заедно со најпознатиот српски кларинетист Огњен Поповиќ, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Инаку, Фестивалот „Раванелиус“ во своето четиригодишно постоење, се закити со престижното признание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на преку 150 изведувачи со преку 4.000 посетители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK