Македонски филмови во фокус на најпрестижниот фестивал на Балтикот

Македонски-филмови-во-фокус-на-најпрестижниот-фестивал-на-Балтикот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На престижниот меѓународен филмски фестивал “Tallinn Black Nights Film Festival” во Талин, Естонија, кој е и најпознат и најголем филмски фестивал на Балтикот, се одвива од 3. до 16. ноември, а македонската кинематографија е во фокус и како никогаш до сега е присутна со филмови во македонска продукција и тоа како мнозински или како малцински ко-продуценти.


Земји во фокус на фестивалот се Македонија, Србија, Црна Гора и Хрватска каде се појавуваат 13 филмови, а Македонија како земја учествува со продуцентските и ко-продуцентските проекти „Домаќинство за почетници”, “Чувари на формулата” „Живи и здрави“ и „Набљудување“.

Нашиот кандидат за Оскар оваа година, “Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист продукција на 13. ноември имаше своја проекција во Талин во рамките на програмата Screen International Critics’ Choice. “Домаќинство за почетници” беше селектиран на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби наградата „Queer Lion“ и е номиниран за Европските филмски награди. Копродуцентските куќи се јавуваат од Австралија, Србија, Хрватска, Косово и Полска. На 16. и на 19. ноември се закажани уште две кино проекции.

Во официјалната селекција на фестивалот е и филмот “Живи и здрави” од Црна Гора на Иван Мариновиќ, чиј прием за време на вчерашната проекција наиде на огромен интерес и сите наредни кино претстави се распродадени. Како македонски ко-продуцент се јавува Дејан Крајчевски од Круг Продукција.

Македонскиот филм “Мравки” во режија на Марјан Гаврилоски и во продукција на Тајм Лапс Продукција е дел од индустрискиот маркет во Талин. На 16. ноември на Панел дискусијата ќе присуствуваат претставници на филмските центри од регионот и авторите на филмовите кои се дел од Фокусот, по што следи и дегустација на традиционални и автентични вкусови од Балканот. Тимот од Агенција за филм и МЕДИА ДЕСК се присутни на фестивалот.

Македонија се јавува и како ко-продуцент на словенечкиот „Observing“ кој е вон конкуренција, а ќе се прикажува во рамките на програмата Critics Peeks. Позади „Observing“ стојат режисерот Јанез Бургер, а како ко-продуцент се јавува Кавал Филм од Северна Македонија.

Самиот фестивал го отвори српскиот трилер филм на Драган Бјелогрлиќ “Чувари на формулата”, каде како македонски ко-продуцент се јавува Скопје Филм Студио, чија тема веќе ја разбранува јавноста и го нарекуваат “Српскиот Опенхајмер”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK