Љутков: Работата на предизвиците и можностите е начин пред светот да ја раскажеме успешната македонска приказна

ljutkov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната трибина во рамки на Платформата „100 отсто Посветено на тебе – Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, говореше за проблемите и предизвиците се кои се соочи по преземањето на функцијата, а кои бараа посветеност, време и квалитетни решенија се со цел да се санираат последиците и да се постигнат важни решенија.


„Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот Култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурани институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“, информираше министерот Љутков.

За надминување на состојбите, со ребалансот на буџетот, рече министерот, обезбедени се дополнителни средства за регулирање на долгот по основ на неисплатени плати согласно Колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и средства за регрес за локалните установи, средства за осигурување на институциите, за програмски активности, за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK во НУБ, за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи, а посветено се работеше и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на нашето културно наследство.

Љутков го истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјава.

„Уникатното културното, духовно и историско богатство кое го поседуваме, со својот широк спектар е особено значајно за туристичката понуда. Креативните индустрии пак ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.

Предизвиците и можностите кои со себе ги носи туризмот, според министерот, се начинот пред светот да биде раскажана македонската приказна и ќе овозможат системско подобрување на условите во овој сектор. Во тој контекст беше истакната и соработката со германскиот туроператор, компанијата „РСД“ , партнерство кое почнувајќи од февруари идната година ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK