Со култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов, свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“.
Фестивалот почнува в четврток, на 12 Октомври со проекција на филмот во 20 часот во Кинотеката.
Се работи за филм снимен на 35mm лента, во 1991 година, кој е во продукција на „Вардар филм“.
Програмата ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери: „Среќна Нова 47“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски.
Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината.