Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.



– Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.

На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK