Костадиновска-Стојчевска: „Форумот на словенските култури“ е силен поддржувач на музејската дејност

Костадиновска-Стојчевска-„Форумот-на-словенските-култури-е-силен-поддржувач-на-музејската.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката Костадиновска-Стојчевска се сретна со директорката на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, Андреа Рихтер, која е и претседател на Европската музејска академија.


За време на средбата беа истакнати улогата, значењето и активностите на „Форумот на словенските култури“, чија цел е поврзување и претставување на културата на словенските народи во светот.

Според Костадиновска-Стојчевска, музејската дејност, како една од севкупните области на дејствување во културата, е од особено значење за афирмацијата и промоцијата на култура и културното наследство, за едукација на граѓаните, а особено на младите за културните богатства и особености на словенските народи.

Министерката ја посети и работилницата „Музеите кои значат – постојани музејски поставки и работа со посетители“, која во организација и во соработка со „Форумот за словенски култури“ се одржува во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола.

– Министерството за култура дава целосна поддршка на организацијата на семинари и работилници на кои музејските работници и експерти ќе дискутираат на различни актуелни теми од областа на музеологијата, за создавање нов профил на музејската практика, соодветна на современото општество. Размената на искуства и добри практики ќе овозможи модернизација на постојните музејски поставки, систематско планирање на развојните активности, како и поврзување на музејските институции на меѓународно и на регионално ниво – рече министерката за култура.

Таа додаде дека активностите на Форумот, како и денешната работилница, ќе бидат уште еден поттик за збогатување на програмските содржини во музејските институции давајќи придонес во афирмацијата на културното наследство што го поседуваат словенските земји.

На крајот, министерката Костадиновска-Стојчевска подвлече дека Северна Македонија и во иднина ќе продолжи со активна партиципација во Форумот, со цел да реализира што поголем број проекти со кои ќе се создаваат високи културни вредности, користејќи ја притоа културната сличност и различност како основен развоен контекст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK