Концерт на американците ALGIERS во МКЦ

Концерт-на-американците-ALGIERS-во-МКЦ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва во киното Фросина во Младинскиот културен центар со почеток од 21 часот ќе се одржи долгоочекуваниот концерт на американската музичка група ALGIERS.


ALGIERS се политички освестено инди-рок трио кое комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз и госпел музика. Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија, кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остриот фанк. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани.

Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк.

Зад себе имаат 4 студиски албуми: “Algiers” (2015), “The Underside of Power” (2017), “There is no year” (2020) и последниот “Shook” (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други.

Нивната нова музика, критичарите ја опишуваат како “пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта”.

Како предгрупа на бендот, се јавуваат германците “Left for Pleasure”, дарквејв бенд од Лајпциг со силно EBM влијание. Нивниот звук го карактеризира темнa и меланхолична атмосфера, со по некој зрак на надеж. Музички, со нивните настапи, гледаат да создадат длабокo емотивно искуство со присутната публика.

Left for Pleasure се дел од програмата Liveurope за поддршка на млади и надоаѓачки бендови.

Концертот ќе започне во 21 часот, билети се уште по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот на МКЦ за продажба на билети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK