­

Комеморација за Сара Пројковска в среда на Факултетот за музичка уметност


sara-projkovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 26 март со почеток од 13 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата Сара Пројковска – Николовска, кога го загуби пожарот во пожарот во дискотеката во Кочани.


Сара Пројковска беше професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност и ги пееше  придружните вокали на настапот со групата „ДНК“ на 16 март.

Пројковска беше самохрана мајка на две деца. Таа пееше придружни вокали на речиси сите поп пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез трубачот и наставник по труба, Александар Николовски, почина на 48 години во 2021.

Нејзините пријатели и соработници ја опишуваат како многу позитивна личност, секогаш подготвена да помогне, и со која им било чест да се познаваат и дружат низ годините. Таа е погребана на гробиштата во Лисиче.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK