Кларинетистот Благој Ламјов го промовира спотот за песната „Bue for Now“

blagoj l
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велешкиот кларинетист  Благој Ламјов кој долги години живее и работи во Шведска, на својот јутуб канал промовираше спот за песната „Збогум засега“. Песната е на десетта по ред на неговиот албум „Nostalgik Love“ издаден и промовиран во  2019 година.

Ламјов вели дека видеото е подарок за некого, како што е всушност и целиот негов албум.


Тој појаснува дека спотот е минималистички, затоа што не сакал спотот да доминира над музиката, туку да биде како еден мал украс во стилот на целиот албум. Видео записот е снимен во Шведска, а дизајн на светлото и самата видео продукција е на Marcus Lundgren Production.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK