КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона

jordan-kostov2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона.



Првиот од нив, насловен како „Птиците се враќаат“ е во организација на Културен и информативен центар Битола во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје.

Вечерва во 20.00 часот во Свечената сала на Офицерски дом, настапува виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано.

Вториот концерт кој ќе се случува на 30 август во 20.00 часот во Свечената сала на Офицерски дом во организација на Културен и информативен центар Битола на едно место собира една исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои секој посебно претставуваат уметничка величина, а заедно ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓи традиција, амбиентална и world music, насловен како „Токио носталгија проект“.

Оваа културна установа најавува богата есенска понуда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK