Националната опера и балет најави изведба на еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, на 18 октомври 2023 со почеток во 20.00 часот.
Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова-Атанасовска, во улогата на Феб ќе настапи Балаж Лочеи (Унгарија), во улогата на Флер де Лис, Христина Наќевска, во улогата на Гудула ќе настапи Марија Јосифовска Ристовска која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Ендру Кук (Англија).
Настапуваат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.