– Во чест на големиот празник 2 Август, ликовниот уметник Киро Урдин отвори монументална изложба во Букурешт, во големата сала на Парламентот на Романија.
На изложбата, Урдин презентираше 60-тина дела во техника масло.
Со оваа изложба и неговите последни самостојни презентации на уметничките дела во Kloser Contemporary Art – Кина (2108), Online MM Gallery Brussels – Белгија (2020 и 2021), De zwarte Ponter – Антверпен – Белгија (2022), Amodlozi Gallery – Мајами – САД (2023), тој уште еднаш го потврди својот статус на уметник од светски ранг.