Избор од Христо Петрески на македонски и српски јазик

tretiot-kamen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Издавачката куќа „Арка” објави избор од поезијата на Христо Петрески на македонски и српски јазик. Изборот е објавен под заеднички наслов „Третиот камен”, а во него се содржани песни од книгите „Обратна”, „Пергамент” и „Здив пред огледало”.

Станува збор за обемен избор од три понови стихозбирки на Христо Петрески, меѓу кои е и стихозбирката „Пергамент”, за која Петрески ја доби наградата „Ацо Караманов”.


Преведувач на сите песни од изборот „Третиот камен” е академик Ристо Василевски, а кон поетското творештво на Петрески со критичко-есеистички текст се осврнува познатиот српски писател Душан Стојковиќ.

Преводот и печатењето на книгата „Третиот камен” е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK