Гевгелиската библиотека распиша конкурс за книжевни творби инспирирани од стихови на Ацо Шопов и Илија Карајанов


kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и 80-годишнината од раѓањето на поетот Илија Карајанов, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија распиша награден конкурс за книжевни творби инспирирани од нивните стихови.

Творбите може да бидат есеи, проза, поезија или драмски текстови, а како автори може да се јават сите граѓани кои творат на македонски јазик, без возрасни ограничувања.


Книжевните дела треба да бидат напишани на темите инспирирани од стиховите на двајцата македонски поети и тоа „Вечноста од мене до твојата небиднина“, „Модар јаглен гори во утробата на зборот“ и „Да бидеме подобри од црвеното срце на лебот“ на Шопов и „Ќе може ли песната да го памети поетот во времето – море, без почеток и крај?“, „Ќе ги најдеме ли клучевите за тајните двери и ковчези додека животот невидливо поминува?“ и „Писмото – сономорје, соноглед и крик“ од Карајанов.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни, а текстовите потпишани со шифра може да се испратат на и-мејл: [email protected] или по пошта на адреса: ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, ул. „Васо Карајанов“ бр. 1, 1480 Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK