Гена Теодосиевска член на официјалното жири на 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам

gena-teodosievska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска.


Таа во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија ја иницираше Неделата на современиот Холандски филм во 2012 година, а во 2015 година заедно со Маријке Рави во просториите на Амбасадата ја органзираше и учествуваше во туторинг сесиите на пет сценарија на филмски автори од Македонија.

Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските состојби, Теодосиевска беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022-2024 година е назначена за уметнички директор на ИФФ „Киненова“.

Како продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венециската филмска Mostra во 2001 година.

Во последниве три и пол децении таа е посветен проследувач филмската уметност, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, и промотор на македонскиот филм на меѓународната сцена.

За член на жири била поканета на повеќе од 30. меѓународни филмски фестивали. Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, и EWA, а вработена е во МРТ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK