Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Северна Македонија во текот на месец јули организираат проекција на шведски играни филмови.
Како што информираат од Амбасадата на Шведска, на репертоарот ќе бидат „Триаголник на среќата“ од Роберт Ослунд, „Хилма“ на Ласе Халстром, „Совршен пациент“ на Микаел Хофстром, „Мојот живот како комичар“ на Ројда Секерсож, потоа „438 дена“ на Јеспер Гансланд, и „Клара Сола“ на Натали Алварез Месенна.
Проекциите почнуваат од 20 часот.