Фестивалот Браќа Манаки ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

manaki-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Извештајот на работната група кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ) е нарачан е од министерката за култура, во нејзините битки кон одредени членови на ДФРМ. Ваков е ставот на директорот на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

Со оглед на тоа што во извештајот се нотира и дека ДФРМ, кое е организатор на Фестивалот Браќа Манаки, со години не поднесува финансиски извештаи, Дамевски спротивно на тоа тврди дека сите извештаи биле уредно и редовно доставувани до Агенцијата за филм.

„Манаки ги има поднесено сите извештаи, уредно и редовно во Агенцијата за филм. Лично ги потпишувам. Битката преку Друштвото за филмски работници и конфликтот со Милчо Манчевски и министерката со дел од членовите кои постојано ја критикуваат за нејзините кратења во буџетот за филм се обидоа да го прекршат преку нашата глава“, вели Дамевски.

Тој пред новинарите денес образложи дека ДФРМ е сопственик на лиценцата за Манаки и избира директор на фестивалот. Вели дека Агенцијата за филм нема доволно луѓе да ги прегледуваат извештаите и навремено да ги одобруваат или враќаат со одредени забелешки.

Кажа и дека фестивалот е поддржан од Агенцијата со 30 отсто, другите се од приватни спонзори за кои жестоко се бореле во изминатите години.

„Се работи за обиди да се прекршат копјата преку наша глава, да се пресметаат две страни. Јас ја знам позадината на таа игра. Не поддржувам криминално работење. Лично одговарам за било какви незаконски работења на фестивалот. Ги имаме за 3 години вратено сите долгови, имаме задржано резреви. Единствената кочница е навременото работење во Агнцијата за филм и прегледување на тие договори и одговори на нашите барања и поднесување на дополнителни сметки. Друга тајна нема“, рече Дамевски додавајќи дека е достапен за секоја релевантна институција која сака да изврши увид, а извештаите веќе ги „чешлале“ ревизиски комисии испраќани од Мило Манчевски.

Извештајот (на 41 страница) на Работната група за утврдување на состојбите во АФ, забележува и кршења на законските одредби, непочитувања на процедурите, тесна спрега меѓу Управниот одбор на Агенцијата за филм со одговорните лица во Друштвото на филмски работници на Македонија. По објавувањето, ДФРМ за Извештајот искоментира дека министерката Костадиновска Стојчевска покажала дека е гробар на македонскиот филм и македонската култура. Додадоа дека веќе нема никакви сомнежи дека главниот генератор на ова „кризно сценарио“ е токму режисерот Манчевски, бидејќи тој, овој извештај го цитирал во јавноста, неколку дена пред самиот да го објави во целост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK