Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

со особена чест и задоволство Ве поканува на промоцијата на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори. Со овој настан „Браво сине“ ќе одбележи десет години од своето постоење.

Промоцијата на современите бајки ќе се одржи, утре, 12 мај 2023 (петок) во книжарницата „Литература“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ во Ист гејт мол, со почеток во 12.00 часот. „Арс Ламина“ е издавач на современите бајки и е партнер на „Браво сине“ .



На промоцијата ќе бидат претставени бајките: „Океанија“ од авторот Мартин Миљев и илустрирана од Орце Нинески, „Луѓето и змејовите“ од авторот Владо Јаневски со илустрации од Ем Елефантски, „Детето на месечината“ од авторката Јана Глигороска со илустрации на Јована Велинова-Трајанова и бајката „Зелда и Фе и болниот змеј“, чиј автор на текстот и илустрациите е Катерина Трајановска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK