„Душа на платно“ – самостојна изложба на Боре Митовски

„Душа-на-платно-–-самостојна-изложба-на-Боре-Митовски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Самостојната изложба на Боре Митовски со наслов „Душа на платно“ ќе биде отворена на 13 ноември (понеделник) во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ во Скопје, ГТЦ, 2 кат, со почеток во 19 часот.


Боре Митовски по потекло е од Македонија, но долги години живее и работи во Словенија и ова е негова прва самостојна изложба во Македонија на која што ќе бидат презентирани над 30 слики изработени во техниката акрил на платно.

Како што ќе напише во текстот за каталогот неговиот пријател скулпторот Синиша Новески:

„Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот на

надреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии ,но со ликовен модерен сензибилитет .Неговиот пристап во сликарството е блиско до витражот поради неговата раскошност и призрачност

Од ликовните елементи тој ги применува линијата ,формата, комплементарните бои ,текстурата и мелодичниот ритам кој е во едниство со просторот и формите.Неговите слики го имат медитеранскиот динамичен дух ,но сепак стилизиран во некој рационален бароктен ред и смиреност .Обидот да прави тридимензионални форми создава илузија на рељефност на сликата.Со овој циклус на слики тој остава впецаток на креативен и сериозен сликар кај кого има потенцијал за интересен креативен ликовен и естетски развој.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK