Денеска и утре проекции на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија на фестивалот во Котбус

Денеска-и-утре-проекции-на-македонскиот-филм-„М-на-Вардан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Филмскиот фестивал Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември.


Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија.

„Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот. Покрај тоа, има за цел да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите. Затоа, речиси секој филм е проследен со возбудлива филмска дискусија (Q&A). Состаноците за вмрежување, исто така, обезбедуваат можности за размена меѓу филмаџиите и претставниците на индустријата#, велат организаторите.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.

Актерската екипа која ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.

Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK