Уште едно издание на Баскер фест со атрактивни и бравурозни точки се организира вечерва, 13 август, со почеток во 20,00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал “Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите.
“Баскер фест” нуди улична уметност за сите генерации, а најмногу радост и возбуда за најмладите.
Настанот го организира Општина Крива Паланка во рамки на програмата на “Кривопаланечко културно лето” и Крива Паланка – Град на културата”.